Груевски утрово конечно проговори за враќање во Македонија: Јас веќе еден месец ќе бев во Скопје

Никола Груевски утрово се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:

Мое кратко интервју за денешниот број на дневниот весник “Политика”. За губењето на сувереноста на Македонија, за масовните иселувања, за штетите од владеењето на СДСМ и Заев, за неговите напори да го задржи СДСМ во власта уште 8 години покрај сегашните седум преку непринципиелни коалиции, за измените на казнениот закон и кому му помогнаа а кому не, за политичкиот прогон и кој стои зад него, за идните предизвици во дијалогот со Бугарија, за фолклорот во македонската политика, спиновите и валканите игри, за гласините за мое враќање во Македонија, тонењето на економијата и цутењето на криминалот и корупцијата, како и за видливиот страв од мое евентуално враќање во Макеоднија кај некои политичари…

Оргиналот на скриншотови на српски јазик и линк од македонски портал, преведено на македонски јазик:

Според зборовите на Мицкоски сте се договориле со властите да Ве ослободат со измените на Кривичниот законик, за што наводно сте ветиле противуслуга. Дали е тоа точно?

Помина повеќе од месец дена откако се усвоени измените на Кривичниот законик и сега е сосем јасно дека таа измена не енаменета за мене. Тоа беше валкан спин со краток рок на траење.

Да беше тоа така, да беше тоа во мој интерес, јас веќе еден месец ќе бев во Скопје и овој разговор би го воделе во Македонија. Меѓутоа, како што гледате и знаете, јас и понатаму сум во Будимпешта. Но, ако следната година, во август на власт би дошта нова Влада без партијата СДСМ, Заев и многу други луѓе од врвот на власта, на основа на овие членови од кривичниот законик каде казните се намалени, не би можеле да се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување за првите три и пол години, туку само за последните две. Тоа е еден вид на амнестија и за него и за другите од истиот табор.

– Какво влијание можат да имаат овие измени на Кривичниот законик кога е во прашање Вашето враќање во татковината?

Овие измени на Кривичниот законик имаат минорно влијание, што јавно го објаснив многу детално. Се додека трае политичкиот прогон не можеме да зборуваме за враќање во Македонија.

– Според Вашите процени до кога ќе трае тој Ваш политички прогон?

Дали судот во иднина ќе успее да се оттргне од заевите канџи зависи од повеќе чинители. Кога станува збор за политичкиот прогон од Македонија, знам дека не тужат обвинителите и не судат судиите. Тие работат само формално. Поедини политичари обвинуваат, судат и се задолжени за медиумската пропаганда