Грчката полиција не дозволува пилет да прелета на Евзони: Сакале да пребегат во Македонија – детали за уапсените хрватски хулигани

Грчките медиуми известуваат, а хрватските пренесуваат дека комбе со седум хрватски државјани било застанато на Евзони. Се смета дека Хрватите учествувале во некаков инцидент и дека сега се обидувале преку Македонија да избегаат назад во татковината.

Јасен индикатор за нивните намери биле палките и ножевите најдени во комбето.

Веднаш биле уапсени, а се очекува да бидат однесени на распит во Солун, со што ќе се зголеми официјалната бројка од 98 лица уапсени досега, од кои 84 биле хрватски државјани.

За бегство од Грција е уапсен уште еден Хрват,навивачи на Динамо, но на границата со Албанија.

За потсетување во синоќешните нереди беше убиен еден навивач на АЕК, а повеќе се тешко ранети