Да не си му во кожа на Гоце од радовишко: Моли за помош за децата

Гоце Милев е роден во Подареш. Сиромашно растел со уште четири сестри во родната таткова куќа. Во 2013 година на жетва се запознава со Силвија од Ерџелија со која одлучува да создаде семејство. Семејство кое денес тешко го одржува и прехранува. Никогаш ќе рече тој немал луксузен живот. Но, додека била жива мајка му и подвижен татко му за некој степен полесно се живеело.

Најлошо било до септември минатата годинаа кога не бил никаде ниту тој вработен, па и тој и децата трпеле за леб. Во моментов работи на привремен проект и зема 9000 денари, но овој месец ако не му го продолжат договорот пак ќе останат на цедило. Тоа е причината поради која и заостанале со долгот за струја па веќе една година живеат во мрак. Се стоплуваат само ако не легално собере некое дрво во шума. А, често знаат да останат и гладни.

Освен дома децата и на училиште одат без храна. Пирошка и баничка со месо се нивните желби, но и детска соба во која ќе има струја кревет и регал. Скромни сониште за едно скромно семејство кое се што посакува на овој свет е само нормална работа и човечки услови за живот.

Гоце тешко растел уште од дете. Во стара куќа во семејство од невработени родители сиромашно ја поминал и младоста. Пред десет години на жетва ја запознал денешната сопруга која му родила три деца. Денес, и тие живеат тешко. Немаат храна, немаат топла облека, немаат простор за живот. И таа една соба преполна со влага псоледнава година е без струја бидејќи Гоце нема како да ги исплати долговите. Живееме мизерен живот – со горчина повторува тој, а најтешко ми е кога немам ниту леб и млеко за моите деца.

-Моето семејство отсекогаш беше сиромашно. Мизерував уште како дете, а сега и моите деца живеат мизерно. Не завршив училиште, работев по ниви и пред десет години на жетва ја запознав Силвија, мојата сопруга со која имам три деца и едно починато. Јас колку можам подработувам, таа ги чува децата, но не стига. Лани почина и мајка ми и, западна и татко ми во постела, а јас бев без работа. Откако паднавме, ни ја исклучија и струјата и сега уште потешко живееме- вели Гоце од Подареш.

Гоце е вработен на четири часа и зема само 9000 денар приход. Социјалната помош што ја зема татко му е минимална и оди само за пелени за него и лекови зашто е болен од минатото лето. Жената на Гоце, Силвија е невработена бидејќи има мали деца и мора да се грижи за нив, па овој млад човек во моментов нема никаков излез освен да замоли за помош додека не му израснат децата. А, се што му треба ќе кажат сите од семејството е само струја и купатило за да може да се избањаат и исперат како луѓе.

-,Што да направам со 9000 денари. Што попрво да платам и да купам. Немаме струја, немаме купатило за да избањаме, а често и без храна остануваме. Во моментов ми треба помош, за да ги пораснам децата, за да можат како другите деца да имаат макар малку нормален живот-ќе заврши Гоце за Срце на Дланка.

Секогаш мора да имаме нешто за кое се надеваме. Макар и нешто многу ситно. Тоа е мост помеѓу нас и поубавиот живот. Народот е надеж за семејството на Гоце. Само нашите раце може да изградат мост по кој ќе зачекорат тој и децата и да живеат еден убав и подостоинствен живот.
Доколку сакате да помогнете на семесјтвото на Гоце Милев, тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 076879726 или на неговата сметка 200002347054187.