Две деца од тетовско се возеле на еден електричен тротинет, па завршија со повреди во болница

Електричните тротинети често пати знаат да бидат опасни како за оној кој што ги управува, така и за пешаците и друтие учесници во собраќаот.

За жал тоа се покажа на дело вчера во тетовско, а за настанот информираше МВР од каде што велат:

На 03.07.2023 во 10.50 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа

Во која учествувале патничко возило „сеат терацо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот тетовец Н.Т. и електричен тротинет на кој се превезувале двајца малолетници од тетовска Мала Речица.

Во несреќата, малолетниците се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.