Митко Јанчев и неговиот трактор што живот значат – уште еден голем потег

Уште еден човечки и голем потег на првиот човек на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Имено спасен е човекот и двете кучиња кои со денува беа отсечени од цивилизацијата поради снежните наноси.

-Нашите луѓе стигнаа до лицето на кое му беше потребна помош. Тој и неговите две кучиња се земени, сега тргнаа кон градот. Поради лошите услови и наносите од снег, им беа потребни цели осум часа да дојат до него.

Испратив и специјален трактор кој е во моја сопственост, бидејќи местото е непристапно, се стига по земјен пат, но екипата ги совлада препреките, па нашиот сограѓанин со неговите миленици е на пат кон дома – за „Фокус“ изјави градоначалникот Митко Јанчев.