Добри вести за македонските газди кои планираат увоз на работници од Индија: Ќе се воведува директна линија од Делхи до близина на Македонија

Увозот на работна сила од Индија е се погласна тема, а веќе и на дело откако неколкумина работници од оваа азиска држава веќе пристигнаа во Македонија.

Истите работат на фарма во Свети Николе и најавата е дека бројката дополнително ќе се зголеми. А и многу други сопанственици планираат да ангажираат работници од Индија.

Олеснителна околност плус може да биде тоа што Претседателите на Србија и Индија најавија дека планираат првично да обезбедат субвенции за авиокомпаниите за воведување на редовни директни летови меѓу двете земји.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот индиски колега, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече:

„Двете приватни авиокомпании во Индија, како и нашиот авиопревозник Ер Србија, ќе ја разгледаат поддршката и субвенциите што двете земји ќе ги дадат на заинтересирани компании со цел воспоставување редовни летови меѓу Белград и Делхи.

По мојата посета на Индија и средбата со премиерот Нарендра Моди, разговаравме за работа на различни полиња и за унапредување на нашите деловни односи. Се обидуваме што поскоро да започнеме редовни летови меѓу Индија и Србија. Ова многу ќе помогне во делот на бизнисот и туризмот во двете земји“.

Претседателот на Индија, Драупади Мурму, додаде: „Многу е важно да се воспостават летови. Овозможувањето патување и размената луѓе со луѓе ќе ја прошири нашата економска соработка“.