До сезонска работа во Италија како берач на грозје и јаболка одсега полесно – познато што направија тамошните власи

Италија усвои закон со кој се овластува издавање дозволи за 40.000 сезонски работници кои не се членки на ЕУ во земјоделскиот и туристичкиот сектор во земјата.

Уредбата се совпаѓа со почетокот на сезоната на берба на јаболка и грозје, се наведува во соопштението за печатот, пренесува агенцијата Анса.

Сезонските работници ќе бидат ангажирани врз основа на апликации поднесени до локалните канцеларии за имиграција. Странските работници вработени во земјоделството главно доаѓаат од Романија, Мароко, Индија и Албанија, иако се застапени речиси сите националности, според италијанското здружение на фармери.

Најголем дел од земјоделците се вработени по краткорочни договори. Тие работат во областа на Верона, Фриули, Трентино, Пиемонт, Емилија Ромања и Ломбардија, помагајќи во бербата и производството на јагоди, винова лоза, јаболка, грозје и млеко.

Општо познато е дека и голем број наши сограѓани, особено од источна Македонија заминуваат наесен и напролет да го работат токму ова во Италија.