Прекин на авиолиниите од и до Македонските аеродроми – има ли навистина реална закана за ова?

Неидентификувани лица и наводно еден екс министер биле пуштени да влезат во објектот од обезбедувањето, а кои вербално но и физички нападнале дел од контролорите бидејќи дале поддршка на протестот и на синдикатот.

Ова го објави претседателот на синдикатот на контролори за летање, Александар Тасевски. Според него лицата вербално, но и физички нападнале дел од контролорите бидејќи дале поддршка на протестот и на синдикатот.

Според непотврдени информации станува збор за лица од Чаир на кој некој им дозволил да влезат во кругот на навигацијата, но и во самиот објект, обезбедуван од приватна компанија.

Многумина граѓани кои во следниот период треба да летаат од и до македонските аеродроми со право се уплашени и во неизвесност.

На социјалните мрежи граѓаните дури започнаа да повикуваат авикомпаниите кои летаат од и до Македонија да ги суспендираат летовите.

Но колку навистина е реално ова барање или закана засега е непознато.