Драги од Штип живее во влезовите на зградите, на овие минусни температури тој е без храна и во лоша состојба

Не секој ја има таа среќа да има топол и хармоничен дом, дури и да не е топол барем да има покрив над глава, но за жал не секој го има тоа.

Два месеци веќе дом и кревет на штипјанецот Драги Мицов е третиот кат од една од таканаречените црвени згради во Штип.

Тој деновите ги поминува пред влезот на еден од супермаркетите, без пари и без покрив над глава на овие поларни температури.

Овој 67- годишен човек буквално целиот свој живот го поминува на улица: Ги менував локациите но можам да кажам дека скоро шеесет години сум на улица, вели Мицов.

– Неколку пати пријавувавме во полицијата, ќе дојдат и ќе си заминат, што е до нас ние му помагавме, со храна и слично, вели еден од станарите.

– Спие во влезот на становите, а потоа по цел ден е пред маркетот, додава станарите пред камерата на Телевизија ,,Стар”

Можеби судбината на Драги ќе имала друг епилог ако не се случил инциден т во основното училиште каде своевремено работел како служител.

– На еден училишен одмор, каде што работев како служител, бев нападна т од неколку деца кој ме те паа додека можеа, од тој момент се промени се.

– Со ногата имам проблеми и отежнато ми е движењето, додава Драги. А граѓаните се категорични, да му се помогне на Драги со цел да се згрижи некаде.