Драма во Швајцарија: Србинка преживеа пад од 30 метри, уапсени двајца Македонци

Србинка на 24 години успеала да преживее пад од мост од висина од 30 метри по сообраќајна несреќа во Швајцарија. Двајца мажи по потекло од Македонија биле со неа во син автомобил „бмв“ и двајцата се уапсени.

Таа се здобила со тешки повреди и се наоѓа во болница. Несреќата се случила во четвртокот вечерта кога БМВ со три лица од Балканот удрило во заштитната шина на мостот.

Очевидец ги опиша деталите за несреќата за швајцарските медиуми. Србинката на прв поглед не му изгледала повредена, додека двајцата на почетокот не ги ни видел.

„Ја видов како стои таму, изгледаше како да не е повредена. Не видов крв, немаше ништо. Мислев дека е млада жена која го уништи автомобилот на нејзиниот татко. Таа ги држеше рацете заглавата, таа беше шокирав, не видов дека е повредена.По неколку минути покрај мене поминаа полиција и брза помош. Мислев дека некој веќе повикал полиција. Следниот ден се јавив во полиција, им го кажав истото како и на вас“, рече тој.