Душко од Скопје низ судските лавиринти остана и без имот и без правда

Скопјанецот Душко Бранковиќ неколку десетици години од својот живот ги потроши низ судските лавиринти со цел да ја докаже сопственоста врз земјиште кое два пати нему и на неговото семејство му било национализирано а во новото време со одлука на понизок суд е поништена одлука на Врховниот суд кој пресудил во негова корист.

Оваа пракса не е непозната во правото во одредени ситуации, но Бранковиќ и натаму смета дека е оштетен и најавува дека правдата ќе ја бара во Стразбур.

Тој од 2014 година, до пред 2 години секој работен ден со транспаренти стоел пред основниот суд во Скопје, собранието и министерството за правда.

-Имам пресуда од 1973 од Врховен суд, кое ми се враќа земјиштето. Но сега моето земјиште го користи фирма кое го дава под кирија на друга фирма. Судството ни е за никаде, изјави Душко за ТВ 24.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевизија 24.