Д-р Беќаровски: Пијат киселина и доместот – не им се живее оти останле сами, децата им заминале во странство

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија важи за еден од нашите најпознати доктори кој често зборува гласно.

Утрово беше гостин во во СТУДИО 10 на ТВ 24 каде што зборуваше на многумина теми, но една привлеч поголемо внимание:

Беќаровски вели дека светски тренд е порастот на користење супстанци. Има податок, вели Беќаровски, дека во 2020 и 2021 година огромен број луѓе починуваа во светот од дрога и лекови.

– Слично е и кај нас. Кај нас има се почесто труење кај старата популација, чиишто деца заминале и останале сами. Во моментов на клиниката имаме стари лица кои презеле најрадикални мерки и испиле киселина или „доместос“ и на кои едноставно повеќе не им се живее оти се осамени, а децата им се во странство. Македонија е прва во Европа по труење со киселини. Во светот сме на четврто место, вели Беќаровски.

Секое труење е подложено на психијатриски разговор, вели Беќаровски, но психијатрите можат да дадат само антидепресив и со тоа не се решава ништо оти тоа се психолошки здрави индивидуи.

– Ние имаме енормен пораст на пациенти со заболена штитна жлезда. Секоја трета жена има антигени кои предизвикуваат болест на штитна жлезда. Имаме и пораст на дијабет поради загадување, лоша храна, стрес. Нам ни треба добра превентивна медицина, вели Беќаровски.