Д-р Вело: Повторно е злоупотребено моето име

Инфектологот Вело Марковски долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија. На македонската јавност и стана познат со своите излагања, видувања, стручни анализи, препораки по појавата на вирусот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од нашата држава.

Така, штом се работи за познат доктор чии препораки многумина ги слушаат и почитуваат понекогаш има и злоупотреба на неговото име.

Како што беше случај прерходно со него и со доктор Никола Пановски во врска со лажните препораки од нивна страна на социјалните мрежи за кои тој јавно се огласи, така и д-р Вело се најде прозван и мораше да одговори:

Почитувани пријатели. Повторно е злоупотребено моето име во измислено интервју за лек.Неколку пати веќе (при други злоупотреби) објавив дека нема да рекламирам ниеден лек и Ве молам не наседнувајте на добро осмислен рекламен трик.

Во исто време ги молам институциите да стават крај на вакви злоупотреби на моето име но и на други лекари и рекламирање и продажба на препарати и/или лекови со огромна заработка користејќи ја предходно стекната доверба на граѓаните кон мене. Ве молам споделете дека се работи за злоупотреба