Почина мајката на македонската фудбалска ѕвезда – фудбалерот на Манчестер му изрази сочувство

Браќата Стефан Ристовски и Милан Ристовски на своите социјални мрежи споделија тешка и ептен тажна вест.

Стефан, екс капитенот на нашиот национален тим, како и младиот напаѓач, Милан ја загубија својата мајка која почина вчера.

Како и Стефан, така и Милан на своите социјални мрежи ја објавија тажната вест каде со заеднички фотографии се простуваат од својот родител.

Сочувство за загубата пристигаат од многу страни, а еден од нив беше и ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш инаку добар пријател на Стефан.