Д-р Злате: Грипот се уште не го земал замавот

Др. Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести во емисијата Студио 10 рече дека на крајот на месец февруари се очекува пик на грипот. Засега нема потреба од дополнителни мерки, зошто грипот се уште нема висока активност.

– Многу е важна личната хигиена и правилната исхрана со доволно внесување на актиоксиданси. За постарите е важно користењето на маската за намалување на трансмисијата на болеста.

Сега нема препораки да се врати наставата на онлајн како што беше во времето на пандемијата со Ковид. Во овој момент, се наоѓаме на границата помеѓу ниска и средна активност на вирусот на грип, не сме влезени во зоната на висока активност. Грипот се уште не го земал замавот.

Ако има потреба од мерки како треба да работат училиштата во наредниот период, ќе ги земеме предвид и јавноста ќе биде информирана. – вели Мехмедовиќ.