Д-р Лазаров за плаќањео на косовските пациенти во нашите болници: Ако сакаме да сме објективни

Голема фама се крена околу изјавата на министерот за здравство, Фатим Меџити за цената на лекувањето на пациентите од Косово.

Пациентите од Косово во нашите болници ќе плаќаат исто како и македонските граѓани кои немаат здравствено осигурување. По реакциите во јавноста, Министерството за здравство го појасни мислењето дека граѓаните од соседните земји кои ќе дојдат на лекување ќе плаќаат приватно како и нашите граѓани без осигурување, но веќе не со повисоки давачки.

Поточно, доколку државјанин на Северна Македонија без здравствено осигурување платил 6.000 денари за магнетна резонанца, исто толку за оваа услуга ќе плати и државјанин на Косово кој досега плаќал двојно, или 12.000 денари.

Докторот Ненад Лазаров се огласи на оваа тема на својот фејсбук профил на два наврати меѓу кои кажа:

Македонија ги има прифатено сите конвенции од СФРЈ по однос на социјално здравствено осигурување со други пријателски земји и дури и проширено, и тоа е нешто со што треба да се горееме и да продолжи!

Со оглед дека се работи за ретки случи, ништо не чини ниту е товар за системот а за возврат нашите луѓе во тие земји го добиваат истото.
Се работи за медицинска помош при несреќни случаи воглавно, не за лекување. Се вон конвенциите си го плаќаат и си го плаќаме.

Во конкретниот случај, се прави изедначување на цените за приватни услуги, за да не плаќаат на пример 200% на онкологија.

Ако сакате да сме објективни.Луѓето од Косово не ви одат по државни клиники, со одредени специфични исклучоци за центри како онкологиј и тн. но таму си плаќаат приватно.

Никој не ни е на терет, плаќаат нелогично многу.Си доааѓаат луѓето си плаќаат ко господа во приватни болници и задоволни си одат. Да, на дел и тоа голем и осигурителни компании им рефундираат. Нашиов народец кај да оди, тоа да зборуваме.