Сестрата и мајката на убиената Вања имаат сериозни здравствени проблеми – Познатата актерка предизвика бројни реакции

Македонската актерка Весна Петрушевска на својот Инстаграм профил ја сподели информацијата дека додека јавноста се занимава со деталите за убиството на малата Вања Горчевска, нејзината сестра наводно направила операција на срцето, а мајката има сериозни здравствени проблеми со дишењето.

-Од проверени информации, од прва рака знам дека сестричката имала операција на Срце, а мајката е во тешка состојба поради проблеми со дишење.

„Многу зборуваме за сторителите на насилството, но заборавивме на жртвите на насилството“, додаде Петрушевска и апелираше до јавноста да не го заборави семејството на Вања пред да коментира на социјалните мрежи, каде тагата е навистина голема.

Познатата актерка и учителка наведува дека, за жал, општествената одговорност е на многу ниско ниво и дека општеството се занимава со „ниски теми“, а го поставува прашањето „што ќе направиме ние како општество за да му помогнеме на семејството, на општеството кој, за жал, секој ден од пораз влегува во пораз“.