Нова фора на бројни грчки угостители: Ако јадете гиро ова мора да го знаете, бидете подготвени на ова

Се порценува дека околу 30 милиони странски туристи ја посетуваат Грција на годишно ниво, особено во летниот период.

А тука е неизбежната грчка кујна, а на чело е пред се популарното гиро, во кое уживаат и бројни Македонци.

Но летово бројни туристи, како од регионот, така и од Македонија се жалат на една работа.

Имено иако гирото не е поскапено, барем во голем дел и цените се како во минатите години, сепак тамошните угостители најдоа нова фора.

Па така го служат гирото суво, односно само со месо, компир и кромид. А кога ќе и побараш сос, како пример цазики ти го наплаќаат по 50 центи.

Дури не стават ниту сенф, ќечам и мајоне освен ако сам не си побараш па ќе ти се извини демек не заборавил.

А и за порција гиро си земале работа, имено ти го служат гирото само со месо, компир и кромид, замисли без лепче, популарната лепиња. И таа да ти се доплаќала.

Значи од она оргинално гиро не остана баш ништо, а ако сакаме ќе мора екстра да си доплатиме. Многу луѓе, особено фамилијарни се со броени пари, одат нарачуваат, ја гледаат цената,а потоа извисуваат кога ќе мора да доплата.

Поточно угостителите дури на крај кога наплаќаат ти велат ова е екстра, ова е екстра и таа е цена. Да напоменеме, овие случаи се забележани во Олимписката региа, популарните краци, како и потегот Аспровалата, Ставрос, Неа Врасна, Олимпиада.