Перо Антиќ не издржа – им возврати на сите оние што го критикуваат што носел дуксер Црвена Звезда

Вчера се одигра ревилајен хуманитарен меч помеѓу актуелната ракометна и репрезентација ветерани на Македонија.

Салата Борис Трајковски беше исполнете до последно места, а на трибините имаше многу познати лице, меѓу кои и Перо Антиќ.

Тој привлече големо внимание во јавноста и наиде на бројни критики поради тоа што се појави во дуксер на Црвена Звезда.

Актуелниот претседател на КФСМ не издржа и се огласи во јавноста денес и притоа напиша.

Вчера не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Можев и у дуксер со Меси да дојдам! Имам таков и плав дуксер.

Тоа ми е опрема дадена од последната сезона кога играв. Не сум отишол да купам. Ма не се правдам и не сакам ова да изгледа дека се правдам.

Секој може да облече што сака, секако и јас. Може и гол да оди, отворен ум, нели сме 21 век. А сите си навиваат за свој клуб. Јас сум кажал и пак ќе кажам дека навивам за Црвена Ѕвезда, Олимпијакос и Фенербахче и тоа ќе остане така.

Јас сум нивен фан, јас тоа не го кријам. Но, секако дека Македонија ми е под број еден. И се што јас имам направено за Македонија ми дава за право да бидам облечен како сакам.

Македонија ја претставував во најдобро светло низ цел свет. За мене една е Македонија, едно е знамето и една е химната и тоа никогаш нема да се смени.

Затоа до злоб нициве немам порака, само сакам да им честитам среќна Нова Година, да имаат здравје и малку да се опуштат. Да престанат да бидат негативни, бидејќи има многу поважни работи за кои треба да се коментираат,а не кој како е облечен.

Јас Македонија си ја сакам, тоа сите го знаат, затоа за нив само- изјави меѓудругото за ММС.мк