Д-р Лазаров со важен апел: Не може секој да се богати на грб на здравствени проблеми на народот

За докторот Ненад Лазаров веруваме дека речиси и да нема кој не слушнал во нашата држава со оглед што од појавата на вирусот во Македонија постојано е присутен во јавноста.

Д-р Лазаров е чест гостин во емисии, но и во печатени и пишани медиуми. Пред се тој е доста активен на социјалните мрежи поточно фејсбук.

И покрај многубројните обврски со големиот број пациенти, тој речиси секојдневно наоѓа простор и време со своите пријатели на фејсбук да сподели некоја информација.

Овојпат, докторот се огласи на Фејсбук профилот каде има важна порака и апел и до граѓаните и до институциите:

Апелирам и крајно време е да се регулира пазарот на т.н. ОТЦ препарати (лекови без рецепт) и илјадници препарати кои се продаваат и рекламираат како лекови а пред државата се декларираат како додатоци во изхрана за да се избегне регулативата која за лекови е строга!

Не може секој (најчесто човек фирма) што ќе му текне да произведува, увезува и да се богати на грб на здравствени проблеми на народот, без никаква одговорност и минимални давачки!

Сакам да знаете дека скоро никакви контроли немаат ниту подлежат на контрола на квалитет и константност на компоненти, се рекламираат со фрази “100% сигурен, клинички докажан, ефикасен и т.н.”

што наверојатно е само една голема лага, се до момент на здравствен проблем кога истите се изземаат од било каква одговорност бидејќи тоа не било лек туку додаток во исхрана.

Треба да постојат редовни ненајавени теренски контроли на се тоа што се продава, јасно и строго дефинирање што е додаток во исхрана а што лек и што е најбитно, сериозно да се оданочи и регулира секаква реклама на вакви производи!

Ова е една од најголемите изм ами на модерното време и з лоупотреба на медицината!