(ФОТО) Руски олигарх откри каде се крие Путин – од добро упатени извори тој е таму

Страстите во Русија и понатаму не мируваат по обидот за државен удар од страна на платениците на Вагнер.

Леонид Невзлин, руско-израелски милијардер и инаку голем противник на режимот на Путин, на својот Твитер објави дека Владимир Путин се крие во бункерот на неговата „шумска палата“ на езерото Валдај.

– Таму се неговите најблиски соработници и пријатели. Го фати паника. За зголемениот број војници во тој реон ме информираа моите соработници – изјави Невзлин.

Имотот од 13.000 квадратни метри на езерото Валдај е целосно изграден од дрво во стил на руска дача, а со години се шпекулираше дека таму живеела Алина Кабаева, љубовницата на Путин.

Се верува дека Путин го купил имотот, чија вредност се проценува на 100 милиони фунти, користејќи кипарски фонд, тврди рускиот истражен сајт Проект.