Еве колкави се всушност пензиите во Германија – тамошните пензионери се жалат: Срамна сума

Просечната пензија по најмалку 45 години работа во Германија изнесува 1.543 евра. Тој податок го изнесе владата во одговорот на пратеничко прашање на шефот на пратеничката група на Левица во Бундестагот, Дитмар Барч.

Разликата во пензиите меѓу мажите и жените е неколку стотини евра. Просечната „машка“ пензија изнесува 1.637 евра, а „женсата“- 1.323 евра.

Просекот на западот на земјата е поголем од просекот во бившите источногермански покраини и изнесува 1.605 евра, наспроти 1.402 на истокот.

Споменатиот просечен износ на пензиите, за Барч е „срамен биланс на пензиската политика во последните две децении“. Тоа што жените и источните Германија имаат далеку помали пензии, за него е знак дека „сме далеку од правен систем на пензии“.

Опозицискиот политичар побара од владата „годинава како компензација да воведе вонредно зголемување на пензиите од 10 отсто за сите пензионери“.

Според него, „не може министрите, државните секретари и државните службеници да добиваат 3.000 евра заради инфлацијата, а на пензионерите да им опаѓа куповната моќ“.