Еден од најголемите македонски гранични премини во ново руво: Иселениците летово ќе ги дочека пријатно изненадување

Во очи на почетокот на летниот бреан на туристи кои патуваат низ граничните премини завршена е реконструкцијата на граничниот премин Табанеовце кон соседдна Србија со кој се подобрува протокот на сообраќај.

Благото ширење на коловзните ленти и прецизното одбележување на коловозните ленти од двете странаи на граничнито премин е веќе целосно завршено и ставено во функција навреме пред да почнат летните гужви.

Граѓаните кои денеска напладне ги заткневме на граница за влез во Македонија од Србија велат дека не чекале многу.

Според официјалните соопштенија овие работи се изведуваат како дел од Иницијативата Отворен Балкан во соработка помеѓу двете влади како дел од мерките за побрз проток на возила, луѓе и стоки.

Принципот на поминување на границата е ист. За излез од земјава се застанува на српскиот дел а за влез се застанува во нашиот дел од границата каде досегашните 5 ленти се со можност да се направат 7 ленти за влез.

Како што е познато Табановце е еден од најголемите гранични премине во Македонија на кого транзитираат голем број патници, особено наши иселеници.