Една работа ги поврзува Кланот од Грчец и Кланот на Беливук – но токму тоа ги чинеше пад

6-мина уапсени, еден уапсен во Шпанија, десет во бегство, главниот бос во Дубаи, неговиот заменик во Косово, второосомничениот во Каталонија.

Но, за сите и фатени и избегани- веќе се определени мерки, притвор освен за еден уапсен кому му е одземен пасошот, е епилогот на акцијата за падот на кланот во Грчец.

Акцијата од оперативците на МВР почнала поодамна, а првичните сомнежи се сите чаршиско-улични муабети за групата од Грчец, за сомнителни инвестиции во градежништвото, за шверцот на кокаин од Јужна Америка, за серија насилни и вооружени напади, и убиства.

Истрагата добива странска помош откако во Белгија, тамошната полиција разбива нарко-криминална група по пријавена насилна пресметка во стан во градска област во Брисел. Кога специјалците пристигнуваат, криминалците од станот бегаат за да се спасат од апсење.

Внатре остануваат пакети со кокаин, но и телефони. Во станот меѓу криминалците имало и неколку припадници на групата од Грчец која го препродавала кокаинот на локалните белгиски банди. И тие ги заборавиле телефоните, а откако полицијата ги запленила и вештачела открила дека тие имаат вградено апликации за шифрирано комуницирање.

Апликацијата се вика Скај (Sky). Бејгијците откриле дека тие телефони преку скај имале интензивна комуникација и со македонски уреди. Апликацијата ја спомна и министерот Спасовски.

Токму оваа апликација ја користеја и криминалците од соседна Србија, поточно Кланот на Беливук кој го предводеш Веља Невоља. Воедно тогаш и јавноста за првпат слушна за оваа мрежа.

Па токму ова ги поврзува двата клана, а заеднички е што токму оваа апликација беше клучна во која полицијата и надлежните им влегоа во траг и обезбедија докази.