Екс министерот Никола Тодоров нуди вработување со почетна плата од 45.000 денари

Како што е познато Никола Тодоров во периодот од 10 јули 2009 до 28 јули 2011 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука, додека во периодот од 28 јули 2011 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата министер за здравство.

По Парламентарните избори од 2016 година, Тодоров бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, но од таа функција се откажал со образложение дека сака да се посвети на адвокатурата

Токму поради својот работен ангажман на својот фејсбук профил објави оглас за вработување во кој вели:

Вработување во Адвокатска Канцеларија Никола Тодоров! Образование и Квалификации: Завршен Правен факултет Положен правосуден испит Валидна адвокатска лиценца

Професионално Искуство: Најмалку 3 години работно искуство како адвокат или стручен соработник во адвокатска канцеларија; Одлично познавање на англиски јазик;

Возачка дозвола „Б“ категорија и спремност за патување и застапување надвор од Скопје

Области на Искуство и Вештини:

– Изготвување на тужби, жалби, противтужби, барања, предлози, редовни и вонредни правни лекови, и искуство во парнична и вонпарнична постапка;
– Состав на преддоговори и договори на македонски и/или англиски јазик;
– Застапување пред надлежни судови во граѓански, стопански и работни спорови, како и стечајни и ликвидациони постапки;
– Одлично познавање на материјалните прописи од областа на граѓанското, трговското, стопанското, финансиското, стечајното и работното право;
– Изготвување на документација за сите постапки пред Централен регистар;
– Квалитетна, навремена и редовна комуникација со домашни и странски клиенти;
– Способност за привлекување на нови клиенти.

Платата: 45.000,00 денари

Доставете ги вашите биографии, заедно со кратко мотивационо писмо на следната e-mail адреса:

advokat@nikolatodorov.mk Рок за аплицирање: До 25.03.2024 година