Елена Ристеска: Опасно е времето што го живееме, не можам да се помирам

Познатата македонска пејачка Елена Ристеска Ера се огласи на социјалните мрежи каде на својот инста профил напиша:

Уште една музичка легенда и уметник замина. 🙁 Мирко Попов се гледаме во некое подобро време и на подобро место, овде се’ е опасно.

Мирко е автор на оваа песна, го напиша текстот, во негов стил, но со наш комерцијален шмек. Дарко Димитров ја напиша композицијата и аранжманот, секако јас ја отпеав.

Не можам да се помирам дека и тие малку што останавме да ја сочинуваме музичката фела, комерцијална или алтернативна- сеедно, еден по еден се селиме на оној свет или во други држави.

Славиша кој е дел од овој спот исто така, не’ напушти. Опасно е времето што го живееме. Да размислиме и да станеме подобри луѓе.

Најмалку што можеме е да престанеме да плукаме по нашето, македонското. Да престанеме да се плукаме себе си како нација. Прст на чело и повеќе љубов да делиме. Мирко почивај во мир.