Сузана Турунџиева советува: Не мора да има секој ден зготвен ручек и децата да се навреме во кревет

Кога станува збор за нашата Сузана Турунџиева може да кажеме само убави работи. Храбра жена со низа професии – наставничка по музичко, водителка на утринска емисија, изработувач на персонализирани подароци, но и голем хуманитарец.

Освен тоа, мудроста и убавите мисли како да извираат од неа, па неретко знае да ги сподели со нејзините фанови, како и овојпат:

Драга ТИ. Ако си една од оние кои се трудат да стигнат секаде навреме, да бидат најдобри на работа, да им бидат СЕ на сите во домот, да превземат на свој грб многу работи само за да ги поштедат другите во семејството,

ако сте една од оние кои непрестано се трудат да е се средено низ куќа, исчистено, да има секој ден зготвен ручек, да се децата навреме во кревет…

Разбуди се и сфати дека не мораш баш се! Не мораш баш се да умееш, секаде да стигнеш, СЕ да исчистиш, да средиш, па не мораш ни секој ден да зготвиш… А не мора ни децата баш секој ден да се навреме во кревет…

Бидејќи, децата растат, партнерите заминуваат или се презаситуваат, а на работа бараат помлади, и повешти…

Во домот секогаш ќе има прашина, неред, алишта за пеглање, прозорци за бришење… ама ТИ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ВРАТИШ НАЗАД ВРЕМЕТО во кое си се натпреварувала со себеси…

Затоа излези, прошетај, пропатувај, танцувај по дождот, радувај се на изгрејсонцето , смеј се до солзи и немој да се докажуваш … никому!