Елена Ристеска се огласи и објасни што се случило: Да, точно е

Во последниве два дена во медиумите постојано кружи веста дека пејачката Елена Ристеска била нападната со остар предмет во клуб во Скопје за што се огласи и полицијата.

Меѓутоа, она што е очекувано, е изјава од страна на засегнатата пејачка, па таа се почувствува должна да објасни:

Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.

Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод.

Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 24 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.

И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови, напиша Ристеска на својот инстаграм профил.