Жаре Еден на Еден кај Стево Пендаровски ургира да помогне околу Гугл

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на социјалните мрежи информираше за средбата која што ја имал денес со Жаре Еден на Еден и притоа напиша:

-Поддршка на иницијативата на Тим 40 за решавање на јазичниот проблем со Гугл, односно огласувачите од земјава и оние кои таргетираат Македонци, да можат да се рекламираат на Гугл на македонски јазик.

Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора, ме запозна и со останатите нивни предлози,

коишто имаат за цел унапредување на претприемништвото, стимулирање на растот на плати и зголемена потрошувачка во земјата, како и стимулирање на вработувањето на млади коишто немаат искуство.