Жена изела пица за вечер, па следниот ден умрела во ужасни маки – нејзиниот сопруг се бори за живот, а еве која состојка била кобна

Жена почина откако и се слоши по вечерата во ресторан. Според првичните информации, жената изела пица во која наводно имало контаминиран чили сос, според извештаите.

Парот вечерала во град во јужна Италија во саботата вечерта и без никаков проблем се вратила дома.

Но, следното утро им се слошило и продолжиле да се чувствуваат лошо до вчера, кога биле примени во болница со грчеви. Џерардина Корсано (46) почина од труење со храна со ботулин – бактерија која произведува опасни токсини, која најверојатно е пронајдена во зачините за чили кои се користеле на нејзината пица во ресторанот, пренесува Кориере дела Сера.

Нејзиниот сопруг, 52-годишниот земјоделски претприемач Анџело Менино, е хоспитализиран и е во тешка состојба откако истиот сос бил употребен и на неговата пица, пишува италијанскиот весник.

Лекарите велат дека можеби ќе преживее. Обвинителството во Беневенто отвори истрага за смртта на жената и во следните неколку дена ќе биде извршена обдукција.

Истражната полиција пронашла и зачин лута пиперка, која ќе биде подложена на анализа, а ќе бидат сослушани и некои сведоци.