(ВИДЕО)Скокна во вода пред да биде фрлен крстот: Дали фаќањето на крстот во Кочани е нерегуларно?

Денес ширум Македонија се слави празникот Војордание кој се честува со потопување на светиот крст по кого скокаат луѓе.

Секоја година при овој свет настан не поминува без некоја ситуација, а се чини така беше и денес, овојпат во Кочани.

Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион го потопи Светиот крст во Кочанската Река.

Меѓу триесетината момчиња кој скокаа во водите на кочанска река , Александар Јанков беше највешт и за втор во својот живот успеа да го фати живототворниот крст.

Но се чини фрлањето беше нерегуларно ако се земе предвид дека фаќачот предвреме скокна во вода пред да биде фрлен крстот. Од видеата кои кружат на социјалните мрежи јасно се гледа дека со тоа фаќачот Александар доби очигледна предност и патото до крстот му беше отворен.

Многумина коментираат дека тој требаше да биде дискфаликуван и фрлањето да биде повторено.