(ФОТО) Ограбен Борче Донирај компјутер: Моли за помош

Борче Стаменов од Кавадарци кој целокупната јавност го знае преку акцијата Донирај компјутер се најде во неволја, па побара помош:

Се деси и тоа. Сабајле у 3.59 некој ги обил канцелариите на #ДонирајКомпјутер у Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб.

Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете.

Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота!! во прилог слики од украдените модели