Жена од султана искешира 150.000 евра за нов стан: Тоа ми е најголемиот успех

Тијана Милентијевиќ неодамна купила стан за кој искеширала дури 150,00 евра и не крие дека купувањето недвижен имот и е најголемиот успех во животот.

– Долго време сакав да купам стан, сега сум многу среќна. Сигурно ќе се вселам следната година, а веќе планирам како ќе изгледа се.

Имам другарка која е архитект, па ќе ми помогне со сите детали – истакна пејачката која во последно време никогаш не изгледала подобро.

– Ви благодарам, но всушност малку се здебелив деновиве, само вешто го кријам. Малку ќе бидам на диета. Се опуштив бидејќи имам многу настапи и јадам доцна, но Боже мој, тоа се случува – рече Тијана и додаде дека не пати од брендирани артикли, и дека и во најевтините парчиња облека се чувствува фантастично.

– Цената на фустанот не е важна, важно е добро да стои и да добивам комплименти. Никогаш не знам што ќе облечам до последен момент. Дефинитивно најмногу сакам да трошам пари на облека, а и на храна – признава низ смеа.