Зоки Фаци: Лицемерие за пуста пара, си го газиме личниот идентитет

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и ма

Така и овојпат, иако директно на кажа на кого мисли, сепак посвети објава на својата приказна на јавна личност и напиша:

Лицемерие за пуста пара. Таа вика и тој и ја уништил косата, ќе го исплукала јавно, па јас држ не дај, да не пукне брука. Поминува време тие двајцата на стори. До кога бре?

За пуста пара си го газиме личниот идентитет. Секоја јавна личност има до себе полтрон што јаде и пие на нејзина слава, а не разбира дека животот му поминува во нејзина сенка, а луѓето се смеат и се смеат и се смеат.