Лила Филиповска ја сподели својата терапија: Само Бог да дава здравје

Откако ја победи подмолната болест, нашата најпозната водителка Лила Филиповска максимално ужива во животот.

Често е активна на социјалните мрежи, па така и овојпат реши да сподели статус во кој вели:

Знаете дека години наназад патувањето е мојата терапија. Ништо не може да ме израдува повеќе од пакување на куферите .

Најубавиот поглед ми е погледот на облаците,омилениот глас ми е гласот на пилотот кога ќе каже дека сме стигнале на посакуваната дестинација

а најомилените приказни за мене се помеѓу страниците на мојот пасош. Следуваат уште многу приказни за раскажување само бог да дава здравје