Зоки Фаци: Ние како Македонци сме проста нација и неизживеан народ

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

По долго време, Зоки Фаци повторно застана пред камерите, односно на јутјуб каналот на ,,Лазаров” каде што отворено зборуваше за многу теми

Меѓу кои за многуте скан дали, за неговата заработа во телевизија, за најтешките моменти како и за тоа што работи во моментот, а ги коментираше и Македонците како нација.

Тој проговори и за нашата музичка икона Тоше Проески за кој откри дека пред да замине во вечност договарал соработка со Бијонсе и групата ,,Квин” со што кажува за неговата величина.

– Во едно македонско казино се бираше ,,Мис на Балкан” јас бев во ,,Вест” тогаш и седам и ми доаѓа еден човек од позади и се вртам а тоа беше Хеди Рамковски.

– Ми рече дека тој е газда на ,,А1”телевизија и дека сакаат да ме купат и да разговарам со татко му Велија. Ми дадоа коверт и ми рекоа дека браат човек како мене. Во ,,Вест” земав 4.000 денари а веќе во ,,А1” земав 1.500 евра.

Зоки Фаци се осврна и на најтешките моменти во животот и проговори за заминувањето од овој свет на неговиот татко кој му бил најголема поддршка.

– Пиевме кафе очи во очи со татко ми, и буквално го гледав како заминува од овој свет пред мои очи, тие моменти ми се најтешки.

– По само една недела од неговото заминување јас добив срцев у дар, а набргу потоа и мозочен, навистина тоа беа тешки моменти за мене.

Потоа тој се осврна и проговори за Македонците како нација, проговори и за тоа како некој теми се сметаат за табу и рече:

– Ние како Македонци сме проста нација, јас се радувам што излегоа работи на бродови и конечно нашите да видат надвор од патарината Петровец што има, неизживеан народ.