Игор Џамбазов одново злоупотребен – моли за помош

Познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов одново се најде во проблеми откако уште еднаш без злоупотребено неговото име и лик.

На својата официјална фејсбук страница се појави објава во која што се вели:

-Почитувани,Ве молиме да ги игнорирате сите пораки испратени од разноразни лажни профили кои го злоупотребуваат името и делото на маестро Игор Џамбазов.

Игор лично го користи само својот официјален Инстаграм профил со син беџ.

Но и ве молиме да го пријавите овој профил подоле кој веќе има 1000 следбеници и пишува пораки преведени на Гугл транслејт.
https://www.facebook.com/profile.php?id=61552049882875… Со почит, неговиот тим.