Игор Џамбазов распали: Не сте нормални, џабе човек да ве тужи

Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии кој нема кој не го знае.

Пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец – тоа е единствениот Игор Џамбазов.

Минатата година Игор го доби и големото признание, односно награда за животно дело насловена по неговиот дедо Петре Прличко.

Тој постојано знае да привлече внимание во јавноста, пред се со своите објави на социјалните мрежи.

Во последните години беше актуелен со љубовната врска со алпинистката Илина Арсова која извесен период веќе живее и работи во САД, а од неодамна објави дека не се повеќе заедно.

Џамбазов е присутен во јавноста речиси секојдневно со своите објави на социјалните мрежи, а меѓу кои е и последната објава со фотографија, а покрај која стои:

Не сте нормални… Еве ја споделувам тајната:Вие што го објавувате ова сте најобични изм амници и крим иналци.

Џабе човек да ве туж и и су ди. Ос удени сте вие на најстрашната каз на предвидена за вас. Живот.