Израел му постави ултиматум на Хамас – или тоа или ништо

Израелскиот јавен сервис Кан го ажурираше бројот на загинати Израелци од почетокот на конфликтот. Убиени се вкупно 1.300 луѓе, што е дополнително зголемување во однос на последната бројка од 1.200 загинати. Од нив 220 се припадници на нивната армија.

Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници.

Во објава на социјалните мрежи, Израел Кац рече дека „нема да се вклучи електричен прекинувач, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека не се ослободат киднапираните“.

Израел го прекина снабдувањето на Појасот Газа по нападот на Хамас во саботата.

И денес не престануваат нападите на Израелците кон појасот Газа.