Иликовска од Виница „забетонирана“ – вели соседот безправно и ја затворил куќата

Иликовски од Виница се пожали пред камерите откако ѕидови високи и по три метри целосно ја затвораат куќата на нејзиното семејстово. Велат дека соседот започнал да гради веднаш до нив, ѕидовите ги направил преку ноќ, со што се затвора куќата на Снежана и нејзиното семејство од сите страни.

„Ѕидот ќе го става три метри, четири соби ми затвара, па не е во ред. Овој ѕид го прават преку ноќ, сабота беше кога не работат институциите и не можевме да реагираме. На нас ни се затвара од сите страни, нека си ставе ѕид ама нека направи ѕид со нормална висина“ – вели Иликовска за Мнет телевизја.

Дополнително се затвора и ввлезот, оти улицата која била за сите, соседот ја заградил во негово место. Иликовски останале ем без светлина, ем без улица и влез во нивната куќа.

Повеќепати вели реагирале во Општина Виница, но од таму до сега нема решение за проблемот на виделина. Бара под инто да се реагира и да се стопира изградбата на ѕидовите на соседот високи и по три метри.

„Десет пати сум сигурно одила во општината, градоначалникот не мрдна со уше. Што треба да направам јас, тоа се презема на време, сега што ќе прават со тој ѕид.“ – вели Иликовска

Од Општина Виница велат дека се запознаени со проблемот кој го имаат соседите на улица Петар поп Арсов. Градоначалникот Петков вели дека констатирано е дека има изградено ѕид без дозвола кој треба да се отстрани.

Целата сторија со видео прилог може да го проследите на Мнет тв.