Име кое на наши простори не е популарно стана хит во Шпанија – многу бебиња добиваат наши имиња

Можеби еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат брачните парови кои добиле бебе е договорот за името.

Мајката сака едно, таткото има друго омилено име, а кумот пак трето. Кој да се послуша? Постојат многу убави наши и странски имиња кои се почесто ги ставаат и кај нас.

Но, не е реткост и странците да употребуваат балкански имиња за своите деца. Не е првпат Шпанците да објавуваат список со имиња на кои се наоѓаат и имиња кои се популарни во нашите простори.

Доколку очекувате бебе, секако, од една страна, можете да барате инспирација за името во актуелните трендови, но и да погледнете малку наназад и да видите какви убави имиња имале нашите предци.

Додека кај нас е сè попопуларно родителите да им даваат на своите деца меѓународни имиња, шпански магазин ја истакнува убавината на словенските имиња што ги краселе нашите баби и дедовци.

Шпанскиот портал Terra објави листа на најпопуларните имиња во оваа земја, а меѓу нив е и женското име Ведрана.

Ведрана е српско-хрватско женско име, изведено од придавката „ведра“. Поради потеклото на ова име, луѓето што го носат се сметаат за „весели“ и „позитивни“.

Сепак, ова не е првпат Шпанците да објавуваат список со имиња на кои се наоѓаат имиња кои се популарни на нашите простори.

Списанието “Hola” минатата година им предложија на родителите на своите деца да им дадат словенски имиња, а ова се некои од нив: Горан, Миливоје, Даница, Зора, Вера, Златан, Борис, Даринка, Светлана.