Ирена Спасовска си се пофали: Имам толку многу причини да сум среќна

Без сомнение е една од најдобрите македонската фолк пејачка, а тоа е Ирена Спасовска која долги години опстојува на сцената знае да ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

Популарната Иренче на македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.

Иренче вчера славеше роденден, па во нејзина особена чест си сподели на Фејсбук:

Денес е мој ден и имам толку многу причини да сум среќна. Благодарна сум што сум жива и благодарна за се со што сум благословена.

Моето сакано семејство,моите драги пријатели,моето здравје,мојата работа,мојот однос кон животните и природата.Тука е и љубовта кон сите мои верни обожаватели