ИРЛ најавува нова сторија за која добиваат притисоци и напади да не се објави – познато за која тема станува збор

ИРЛ во изминатите години со своите истражувачки стории привлече големо внимание во јавноста, особено со онаа „Нечиста крв“ за Жан Митрев.

Во меѓувреме се снимаат нови истражувања, а од ИРЛ најавија дека веќе уште неимитувана добиваат притисоци и напади да не го види светлината на денот.

„Наскоро ќе го објавиме истражувањето за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 наши сограѓани. Ова е една од ретките епизоди за која притисоците и јавните напади од различни страни започнаа уште во раните фази на истражувањето

Kако што се наближуваме до датумот за објава, притисокот расте, но исто така и нашата одлучност оваа епизода да го види светлото на денот. Утре ќе го објавиме датумот на премиерата на новиот истражувачки документарен филм“, порачаа од ИРЛ.

Како што е познато на 8 септември 2021 година избувна пожар во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово.

Во пожарот загинале 14 лица, од кои 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите