Како Пане од Штип во Македонија нема друг таков „богаташ“ со парите кои што ги има

Панче Кукушев од Штип е вистинска реткост во Македонија по она што го поседува. Љубовта, но и љубопитноста кон моментите, како и наследстовото од неговиот татко придонесуваат денеска во својата колекција да има над 2000 монети и банкноти, од стотина држави од светот.

Како што вели до монетите доаѓа на различни начини, а освен што ги собира тој ги проучува нив и нивното потекло.

„Тоа не е обично колекционерство да го имам за да го имам туку за да се науче нешто повеќе за монетите, за државите, за в ладетелите, економскиот систем на државата.

Едноставно се буди љубопитност кај човекот да истражува што повеќе и повеќе за други монети за одредени периоди или држави. На различни начини доаѓам до монетите, мои пријатели, другари, соседи ми носат.“ – вели Кукушев за Мнет телевизија.

Една од најинтересните монети според Кукушев е шпански реал, монета која е кована согласно техники кои се користат денеска. Во неговата колекција се наоѓа и таа монета која е прва кована машински во светот. Но, една од најинтересните монети е и македонскиот хибриден денар.

„Прв проблем ми беше иранската монета каде имаше година со арапско писмо. Најстарата монета која ја има мојота збирка тоа се две различни веницијански грошеви, различни владетели. За мене најинтересна е македонскиот хибридиен денар, се јавиив и во Народна банка на Македонија.“ – додава Кукушев.

Кукушев во 2013 година ја има издадено и својата прва збрика во која се вметнати сите монети кои ги има собрано до тогаш, и е базирана на три критериуми кои се обработени од негова страна.

„2013 година после неколку години напорна работа спремав една книга која е објавена, Каталог на светски монети – колекција Кукушев каде се сместени сите мои монети кои ги имам до тој момнет.

Таа книга е интересна бидејќи се базира на три пункта, првиот е строго нумизматички, значи слика на монета опис, вториот опис е кој бил владетел и третиот за инфлацијата во државата“ – додава Кукушев.

Во колекцијата на Кукушев се наоѓаат и банкноти кои ги собрал и разработил, а истражувал и за фалсификувањето и начинот на кој да се препознае дали една банкнота е вистинска или не.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет телевизија.