Македонски фудбалер се бори за живот – со хеликоптер итно пренесен во болница

Страшни сцени се случија на натпревар од Источната регионална фудбалска лига во Австрија.

Се сретнаа ВСЦ и ТВЛ Електра Виена, а натпреварот беше прекинат кога капитенот на домашната екипа Филип Димов остана неподвижен да лежи на земја по жесток судир со противникот.

Станува збор 32-годишен македонски фудбалер кој потекнува од Рапид каде што ги мина сите младински категории на овој клуб.

Имено во 14. минута Димов се судри со противнички играч и веднаш изгуби свест. По укажаната итна медицинска помош, тој со спасувачки хеликоптер бил пренесен во болница.

Филип моментално е во индуцирана кома и е во најдобри раце, објави неговиот клуб.

-Нашиот долгогодишен капитен Филип Димов денеска за време на првенствениот натпревар со Електра се здоби со сериозни повреди на главата и по прва помош со хеликоптер е пренесен во болница за понатамошна нега. Филип моментално е во индуцирана кома и е во најдобрите лекарски раце.

Бараме разбирање дека во овој момент нема да даваме попрецизни информации за здравствената состојба на Филип. Воедно, апелираме до сите да ја почитуваат приватноста на семејството, играчите и придружниците, објавија од клубот.