Исчезнатото лице од Велес е пронајдено – за жал починато

Како што информиравме претходно, вчера беше пријавено уште едно лице за исчезнато, а пред неколку моменти пристигна информација дека е пронајдено, но за жал починато.

-Денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот `Пријателство`, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, `форд фокус` со велешки регистарски ознаки.

Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција – известија од СВР Велес.