Итната помош во Скопје доби нови возила, но градовите од внатрешноста останаа со празни раце

Како што беше најавено, Европската унија денеска донираше седум амбулантни возила на скопската итна помош, што треба да го ублажи недостигот на ваквите возила во главниот град.

Евроамбасадорот Дејвид Гир кој денеска присуствуваше на примопредавањето на возилата, посочи дека ова е пример за поддршката која што ја дава ЕУ, а која ќе има влијание на квалитетот на животот на многу пациенти.

Тој потсети дека од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата.

Но, како што подвлече, разочаран е од извештајот на државниот ревизор, во кој се наведува дека во просек само 2.800 пациенти ги употребувале овие апарати.

И во ситуација кога Итната помош во Скопје доби нови возила, како и многупати досега, останатите градови од внатрешноста останаа со празни раце и со дотраени возила.

Токму возилата на Итните помоши од другите градови најмногу се користата за транспорт на пациенти во Скопје и се потребни и тоа како ги нема.