Како гром од ведро небо: Анета и Џими од Молика се разведоа

Анета Мицевска и нејзиниот сопруг Џими важат за еден од најпознатите брачни парови на македонската музичка сцена кој со години наназад повеќе од успешно опстојува.

Со нивната група Молика каде и да се појава секогаш привлекуваа внимание во јавноста, а забавата секогаш е загарантирана.

За нив не е потребни премногу да се трошат зборови. Ако кажеме дека се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас нема да погрешиме.

Анета и Џими се повеќе од 18 години во брак, а претходно една година биле во љубовна врска. Од нивниот брак ја имаат ќерката Моника.

Меѓутоа, деновиве се прошири веста дека Анета и Џими спогодбено се разведуваат иако се уште имаат закажани настапи кои треба да ги одржат.

Како што пренесува порталот авет-аустралија парот после 22 години заеднички живот веста не е шпекулација и е потврдена од анонимен извор.

Тоа го покажува и неодамнешното менување на името на Фејсбук групата кое до пред извесен период го носеше името на групата “Молика”, а од скоро админот на истата ја има променето со име на пејачката Анета Мицевска, со постирање на одбрани песни чии автор не е сопругот Џими или близок до групата “Молика”.