(ФОТО) Овој човек е жива легенда: Во седмата деценија стои наопаку на бандера и дрво, а има таен рецепт за тоа

Живата легенда на својот крај, Мирослав Јевтиќ од селото Сикирица, веќе седма деценија гази со таква леснотија како да е мало момче.

Надалеку е познат по прекарот Миќо акробатот, и со право, затоа што овој човек повеќе својот живот го поминал изведувајќи разни акробации и качувајќи се по дрвја, отколку нормално пешачење.

– Мајка ми ми кажа дека кога сум бил мал, ја удрив главата во степеник. Сепак, ништо не ми беше и уште тогаш беше јасно дека ќе бидам доста издржлив.

Така започна се, а продолжува и денес. Сакам дрвја, сакам да се качувам на врвот, а луѓето се шокираат кога ме гледаат како правам салто на гранка, вели Миќо Акробаттот за РИНА.

– Не можев да останам смирен, повеќе сакав да го поминувам времето надвор отколку во клупата и мислам дека барем што се однесува до мене бев во право.

Тренирав секој ден, до исцрпеност и така стекнав здравје и кондиција за подоцна да можам да работам. На училиште бев најмал по висина, но најсилен во цело одделение, поради што многумина сакаа да се борат со мене, се сеќава Мирослав.

Има бројни активности кои тој досега ги совладал, а успеал да продолжи да ги практикува и во седмата деценија од животот. Освен на дрвја, како што вели, сака да се качува на столбови, но изведува и бројни други акробации.

– Одев 200 метри на раце и сите беа зачудени како можам да го направам тоа. Се качив на немалтерисана куќа од тули, без никакви помагала, само ги ставив прстите меѓу коцките, како да се лепев. Носам камен на гола глава без никаков сунѓер одоздола, имав и снимки кои беа избришани, вели овој акробат.