Кристина Димитри се пофали со постапката на нејзиното дете: Многу сум поносна на мојот син

Поранешната манекенка Кристина Димитријевска, а сега актуелна поп пејачка во Македонија е можеби една од оние јавни личности кои со својот труд и вложување во себе го достигна максимумот на сцената.

Многумина Кристина ја поврзуваат како поранешна на Даниел Кајмакоски со кого има син. Тие беа во брак краток период, но потоа се разделија. Даниел замина во Белград, а Кристина остана да гради кариера и да го расте својот син.

Секојдневно е активна на социјалните мрежи, а овојпат сподели емотивна порака со која со сигурност ќе предизвика восхит кај јавноста, но и поттик да го прават истото:

Се мислев дали да го споделам ова.. Срцето ми се скрши, а воедно сум многу поносна на мојот син..Додека јадевме, дојде детенце кое бараше храна, а син ми без размислување му го даде неговиот оброк..

И му кажа еве да го поделиме..И ме праша: Мама може и пари да му дадеме да купи за дома!? Му кажав: Може!! Таа негова добра душичка и воспитување е мојот најголем успех.